Португалски новинар добро го насмеа Мурињо (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Забавно беше на прес-конференција на Бенфика каде Жозе Мурињо влезе во дијалог со еден од новинарите.

Новинарот го праша Мурињо: „Дали можеш да гарантираш дека ќе бидеш во Бенфика и следната сезона?“.

На тоа Мурињо одговори со контра прашање: „Не можам да гарантирам. Дали ти гарантираш дека се уште ќе работиш за твојата телевизија следната година?“.

Новинарот одговори: „Можам, бидејќи никој друг не ме сака“.

По овој одговор Мурињо прсна од смеа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×