Португалија тргна со победа над Унгарија, Роналдо стана најдобриот стрелец во историјата на ЕП (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Португалците дојдоа до трите планирани бодови против Унгарија во меч кој се играше на полн стадион, за првпат по долго време.

Унгарија играше дефанзивно и долго време одолеваше на нападите на Португалија, но откако примија еден, брзо уште двапати ја вадеа топката од мрежата.

Кристијано Роналдо постигна два гола и стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства со вкупно 11 погодоци, претходно со Платини беше израмнет со по девет.

Отпорот на Унгарците беше скршен во 84. минута кога Гереро даде гол за водство од 1-0.

Три минути подоцна беше досуден пенал за Португалија кој го реализираше Роналдо за 2-0, а тој погоди и во судиското продолжение за конечни 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×