57
Нападот на Џенова не е лош, но дефанзивата е очајна, и се чини дека таа е најголемата причина што овој тим е при дното во Серија А.
Торно поведе со 2-0 со голови на Санабрија и Побега. Џенова се врати со погодок на Дестро во 70. минута но само седум минути подоцна Брекало реализираше за 3-1.
Пандев во игра влезе во 79. минута, а две минути по неговото влегување Каиедо намали на 3-2.
Гостите имаа уште десетина минути за да се спасат од пораз, но не успеаа во тоа.