171
Атлетик Билбао поведе уште во осмата минута со гол на Беренгуер, во 77. минута изедначи Савиќ на 1-1.
На четири минути пред крајот Мартинез реализираше за ново водство на Атлетик Билбао кое значеше и победа од 2-1.
Атлетико Мадрид е прв со 73 бодови, но Барселона има меч помалку и 71 бод, па поради тоа Каталонците се во најдобра позиција.
До крајот овие две екипи имаат и меѓусебна пресметка која се игра на Камп Ноу.