Поранешните вардарови Бразилци се најдоа во својата земја и повторно облекоа дресови со логото на Вардар (ФОТО)

by
1 минути читање

Вандаир на својот фејсбук профил ја објави фотографијата и напиша „пријатели засекогаш“. Потоа и клубот на своите социјални мрежи ја објави.

Четворицата Бразилци имаа забележителни партии во дресот на Вардар и ги освоија фановите, но очигледно и нив многу им значел дресот на македонскиот клуб.

Вандаир во три наврати го носеше дресот на Вардар, од 2003 до 2005, во 2006 и 2007 и во 2011 година. Постигна многу голови за македонскиот тим, а оние кои најмногу ќе се паметат се тие против ЦСКА Москва.

Брага седум години играше за Вардар, од 2000 до 2002, во сезоната 2003/2004 и од 2005 до 2009. Левиот бек беше и македонски репрезентативец во мал дел од својата кариера.

Деилсон дресот на Вардар го носеше од 2005 до 2008, а Зе Карлос Фиљо од 2006 до 2008.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани