Поранешниот англиски репрезентативец пијан беснеел во хотел – настрадала неговата девојка!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач на Ливерпул, Енди Керол, се најде во центарот на скандал по инцидент кој се случил на грчкиот остров Миконос, каде што го минувал својот летен одмор.

Како што пренесува британскиот „Сан“, Керол двапати бил повикуван во полициска станица поради нарушување на јавниот ред и мир. Според сведоците, тој бил под дејство на алкохол и вербално ја нападнал својата партнерка, Лу Тисдејл, прво во ресторан, а потоа и во хотелската соба.

Очевидци тврдат дека фудбалерот бил видно вознемирен и користел навредливи зборови, додека неговата партнерка изгледала потресено.

„Изгледаше лут и агресивен, а неговата девојка беше очигледно вознемирена“, изјавил еден од сведоците на настанот.

Во инцидентот имало и оштетување на хотелскиот имот, по што полицијата повторно морала да интервенира, а против Керол е поднесена пријава и случајот е предаден на надлежните органи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×