Поранешен српски фудбалер уапсен со тон ипол кокаин

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер Урош Милошевиќ е уапсен во полициска акција додека превезувал огромна количина кокаин, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра.

Милошевиќ во Првата лига на Србија собра 85 настапи и две асистенции, а неговата вредност на крајот од 2019 година се проценувала на околу 150.000 евра. Иако со години бил стандарден во вториот ранг на српскиот фудбал, кариерата ја заврши уште во 2022 година, на 27-годишна возраст.

Потоа се посветил на далеку попрофитабилен, но и многу поризичен нелегален бизнис.

Според португалските медиуми, кокаинот му припаѓал на таканаречениот „Балкански картел“, а Милошевиќ, кој е роден во Белград, бил запрен на автопатот А6. При претресот на возилото, полицијата освен дрогата пронашла и две парчиња огнено оружје.

Споменатата криминална организација, наводно, има база на југот на Шпанија и делува во повеќе европски земји. Португалскиот брег го користеле за истовар на големи количества наркотични средства.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×