2,6K
Поранешниот фудбалер на Јувентус кој денес го носи дресот на Ајакс, Даниеле Ругани е осуден на шест месеци затворска казна и парична казна од 2.000 евра, одземање на возачка дозвола и одземање на неговиот автомобил.
Казната за Ругани е затоа што на 21 јули 2023 година како фудбалер на Јувентус бил запрен од полиција како вози во алкохолизирана состојба, но и предизвикал сообраќајна несреќа.
Ругани зад себе има седум натпревари за репрезентацијата на Италија за која дебитираше во 2017 година. Сезонава за Ајакс запиша 17 настапи.