244
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Тобијас го истетовира името на својата ќерка, но сега дозна дека всушност тој не е биолошки татко на девојчето.
Винисиус Тобијас, кој во моментов е дел од Шахтар Доњецк, пред неколку месеци се пофали дека со девојката Ингрид Лима чекаат ќеркичка и во таа чест направи тетоважа на раката на која пишува „Маите, те сакам“.
Сепак, Ингрид Лима сега откри дека поранешниот фудбалер на Реал Мадрид всушност не е таткото на девојчето, бил направен ДНК тест кој го потврдува ова.
Таа не открива кој е таткото на девојчето, а одредени медиуми шпекулираат дека Ингрид Лима останала бремена по една кратка авантура со доставувач.