Поранешен директор во Барса: Доколку постои момент за таква лудост, истиот е сега

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо е еден од најнепопуларните фудбалски ликови во Барселона, секако, тоа
најмногу поради фактот што Португалецот беше член на мадридски Реал, клуб кој е
најлутиот ривал на Каталонците.

Сепак,
поранешниот директор во текот на претходното претседателствување на Жоан
Лапорта, Тони Фреикса смета дека сега е моментот за луд потег на трансфер
пазарот од страна на Каталонците, односно обид за ангажман на Роналдо.

Доколку постои
момент за таква лудост, тогаш истиот е токму сега
рече Фреикса, а потоа го коментираше
назначувањето на Чави за тренер.

Тој почна со
одреден план за казнување, со тоа што прави обиди да воведе ред и дисциплина во
тимот, сметам дека тој се обидува да ги убеди фудбалерите во неговиот план,
како и на неговиот начин на играње фудбал, сметам дека тој посакува тие да
уживаат во фудбалот
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×