72
Рома беше во најмала рака рамноправен противник против Јувентус, статистички беше и подобра, но на крајот со пораз го напушти Торино.
Абрахам даде гол, но судијата претходно свирна пенал и погодокот не беше признаен.
Напаѓачот сакаше да го изведе пеналот, ја зема топката, но Верету е прв изведувач на најстрогите казни за Рома, па по мала расправија меѓу двајцата, тој шутираше и промаши.
Абрахам на социјалните мрежи со две слики реагираше по поразот. Првата ја отсликува неговата разочараност, а на втората напиша: „Тешко е да се прифати. Учиме и градиме“.