ПСЖ искешира 222
милиони евра за ангажман на Нејмар, Бразилецот стана најскапиот фудбалер во
историјата, но „светците“ видоа малку аир од него. Тој одново одигра под
очекувањата на реваншот против Реал Мадрид, натпревар на кој клубот од Париз
загуби со 3-1 и беше елиминиран од Лигата на шампионите.
Вчера се појавија
гласини дека и на шеикот му е преку глава од Нејмар и сопствениците од Катар
сакаат да го продадат Бразилецот.
Сега се
актуелизира и една случка од 2017, кога помошникот тренер на Барселона, Хуан
Карлос Унзуе упатил критика кон Нејмар.
Тој не бил
заодоволен од залагањето на напаѓачот, па му порачал: „Ако продолжиш вака, ќе
завршиш како Роналдињо“.
Тогаш се пишуваше
дека Нејмар бил многу погоден од ваквите коментари и со денови имало тензија во
соблекувалната.
Се чини дека
Унзуе не претерал многу со критиките, Нејмар по преселбата во Париз не само што
не успеа да ги симне Меси и Роналдо од тронот како најдобри фудбалери на
денешницата, влезe и во сенка на неколку други.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.