Ерлинг Халанд се
очекува да биде една од ѕвездите на летниот трансфер пазар, во договорот на
напаѓачот се активира откупна клаузула од 75 милиони евра.
Во последно време
често има гласини дека Реал Мадрид сака да го ангажира Норвежанецот, но
„кралевите“ преферираат трансферот да се случи следното лето, па тие бараат од
Ерлинг Халанд да остане уште една година во Дортмунд и да го игнорира интересот
на останатите гиганти.
Поранешниот
фудбалер Јан Аге Фјортофт, кој е близок до семејството Халанд, на социјалните
мрежи ги прокоментира ваквите шпекулации и испрати јасна порака.
„Ве молам престанете
со овие приказни за „дил 2023“. Ерлинг Халанд не е автомобил на старо… Кој
можете да го паркирате на страна се додека не ви затреба повторно. Халанд е
Бугати, го користите СЕГА!!!“ – напиша Фјортофт.