Поради пари и „дупката“ во буџетот, Барса може да остане без уште едно засилување

by
1 минути читање

„Каталонците“ се во голема финансиска криза, мораат да внимаваат на буџетот за плата и токму поради ова се аутсајдери во трката со Манчестер Сити и Реал Мадрид за потписот на Ерлинг Халанд.

Парите сега им прават проблеми и при намерата да го ангажираат Нусаир Мазрауи од Ајакс.

До пред неколку дена се говореше дека десениот бек е на чекор до Камп Ноу, но последните информации велат дека Баерн Минхен на маса ставил повеќе милиони, односно плата од 10 милиони евра по сезона.

Тренерот Јулијан Нагелсман и генералниот извршен директор Оливер Кан веќе разговарале со Нусаир Мазрауи и му го објасниле проектот на десниот бек.

Останува да се види каква ќе биде одлуката на играчот, кој беспари ќе го напушти Ајакс како слободен агент.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×