„Поради мафија и алчни луѓе за пари Роналдо не ја доби Златната топка“

by
1 минути читање

Лука Модриќ ја доби „Златната топка“ и ја прекина доминацијата на Роналдо и Меси. Португалецот не се појави на свечената церемонија.

Неговата сестра, Елма Авеиро смета дека Роналдо повторно требало да ја добие наградата за најдобар, и смета дека зад наградите постои заговор и личен интерес на поединци.

„За жал ова е светот во кој живееме, трул, со мафија и курвини синови кои трчаат по пари. Но силата на Бог е многу поголема од сета оваа трулост. На Бог можеби му треба време, но на крајот ги исправа работите“, напиша сестрата на Роналдо на својот инстаграм профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани