Поради криза во клубовите: ФИФА наскоро ќе дозволи играчите од Јужна Америка да одат во Европа и на 16 години

by
1 минути читање

Досега ФИФА не дозволуваше трансфер на играчи во Европа под 18 години. Јужноамериканските клубови живеат од продажба на таленти, па бараа да можат да ги продаваат играчите на порана возраст.

Ситуацијата во клубовите од Јужна Америка е тешка во период на пандемија на коронавирус, па под притисок ФИФА ќе го смени ова правило и ќе им дозволи да продаваат играчи уште од 16 години.

Претседателот на Бразилската фудбалска федерација, Рожерио Кабокло на виртуелен состанок со претседателите на клубовите од првата и втора бразилска лига, им ја соопштил дека ФИФА ќе ја донесе одлуката во нивна полза.

„Ќе ви дадам инсајдерска информација. ФИФА има намера да донесе правило фудбалери од 16 години да можат да потпишат со европските клубови. Тоа ќе се случи“, изјави Кабокло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани