Поранешниот
фудбалер на Интер, и освојувач на Скудетото, Мауро Белуџи се здоби со сериозни
последици по заразата со ковид-19 по што му биле ампутирани нозете.
70 годишниот
Белуџи и покрај таквата ситуација не ја загуби смислата за хумор, по што изјави
дека со тие нозе постигнал гол против Борусија Менхенгладбах, алудирајќи на
раната елиминација на „Нероаѕурите“ уште во групната фаза од Лигата на
шампионите сезонава.
„Тие дури и ми ја
одземаа ногата со која погодив против Борусија Менхенгладбах“ рече Белуџи.
Во текот на
својата кариера, освен тоа што го носеше дресот на Интер каде запиша 90 настапи
(1969-74), тој уште играше и за Болоња, Наполи и Пистоезе, а кариерата ја
заврши во 1981 година.