328
Во целиот свет има силен бран на ковид-19, поради што се воведуваат нови мерки.
„Газета дело Спорт“ пишува дека од сегашните 75 проценти, капацитетот на стадионите ќе се намали на 50 проценти, а навивачите ќе мора да седат преку едно седиште.
Сите ќе мора да носат маски и да покажат доказ дека се вакцинирани или дека имаат прележано ковид. Само негативен тест веќе нема да важи.
Во Шпанија капацитетот е редуциран на 75 проценти, а во Германија и Франција ќе се игра зад затворени врати.