385
Според
информациите кои пристигнуваат од Италија се вели дека 32 годишниот Иван
Перишиќ ќе треба да прифати значително пониска плата доколку посакува да остане
во Милано, односно да го продолжи договорот со „Нероаѕурите“.
Перишиќ одигра
значајна улога во освојувањето на Скудетото под кормилото на Антонио Конте, а
има регуларно место во тимот и под кормилото на Симоне Инзаги во новата сезона,
меѓутоа идното лето му истекува неговиот договор со клубот.
Како што
известува „Газета дело Спорт“, на Хрватот му е понуден нов договор со годишна
плата од 3 милиони евра, која е за два милиони евра помала од актуелната, па се
верува дека тој е на излезна врата од Милано идното лето.