Понуда за Погба

by
1 минути читање

Договорот на Погба со Манчестер јунајтед истекува на лето, тој веќе може да преговара со други клубови и да потпише претдоговор, но англискиот медиум тврди дека тоа нема да го направи до крајот на сезоната.

Сепак, ПСЖ подготвува богат договор за Погба со кој се надева дека ќе го привлече Французинот.

Со оглед на тоа што ќе го добие како слободен фудбалер, ПСЖ е подготвен да му понуди голема сума на Погба и да ја победи конкуренцијата.

Во минатото Погба се поврзуваше и со враќање во Јувентус и трансфер во Реал Мадрид, но засега нема некои посериозни шпекулации.

Дури не се исклучува ниту можноста тој да потпише нов договор со Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×