Утре започнува
новата сезона од Лигата на шампиони, на стартот ќе има големо дерби помеѓу
Барселона и Баерн Минхен. Во фокусот на денешната прес конференција беше мечот
од Ф8 турнирот во Лисабон, кога „баварците“ ги понижија „каталонците“ и славеа
со 2-8.
„Помина повеќе од
една година, но имаме неколку играчи коу многу страдаа таа вечер и сега имаат
шанса да го поправат тоа. Другите пак ќе имаат шанса да го повредат Баерн“ –
вели Роналд Куман.
Серхио Бускетс,
кој беше еден од актерите на теренот, вели: „Не беше лесно да се прифати поразот
од 2-8. Но помина повеќе од една година и овој натпревар ќе биде поразличен. Тренерите
се различни, тимовите, играчите и околностите“.
„Натпревари како
победата од 8-2 никогаш не се забораваат, но Барса денеска е сосема поинаков тим.
Играчите кои ќе настапат ќе превземат поголема одговорност бидејќи Лео Меси си
замина. Мислам дека ќе одработат подобро тактички. Имаше големи промени во
двата клуба, па мислам дека натпреварите ќе бидат прилично изедначени“ – вели Мануел
Нојер.
Барса сега ќе
биде и без својата прва ѕвезда Лео Меси, но Јулијан Нагелсман е внимателен: „Не
знам дали Барселона е полоша без Лео Меси. Секако, Меси сам знаеше да го реши натпреварот со некој
потег, но сега други играчи имаат прилика да излезат од негоата сенка“.