Легендата на
Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд има совет за младите спортисти, им порачува
да го следат примерот на Кристијано Роналдо или Леброн Џејмс, и доколку се во
можност, да вложат во тим на луѓе кои ќе им помогнат физички и психички да
бидат максимално подготвени.
Поранешниот
дефанзивец раскажа како се чудел кога еден ден го посетил домот на Кристијано
Роналдо и затекнал 10 луѓе.
„Со оглед на тоа
какви суми се вртат во спортот, младите треба да ги копираат Леброн Џејмс или
Кристијано Роналдо. Леброн 17 години е на врвот во НБА, тоа е неверојатно. Кристијано
пак има 34 и се уште е на врвот, тој една декада е помеѓу двајцата најдобри
фудбалери во светот“ – вели Рио Фердинанд.
„Тој е првиот кој
инвестираше во тим. Поминав кај него дома и имаше 10 луѓе во собата. Се чудев
кои се тие? Што прават тука? Тој потоа ми рече, ова е мојот кувар, ова е мојот
физиотерапевт, ова е докторот и ова е личниот тренер“.
„Двајцата имаат
инвестирано многу пари за да го имаат правиот тим околу себе за нивното тело и
ум да работат на највисоко ниво константно“.
„Доколку треба да им дадам совет на младите, тоа е следново, доколку имате средства, инвестирајте во себе на ваков начин“.