262
Кун Агуеро од 1. јули ќе биде фудбалер на Барселона. Весникот Спорт пренесе дека агентот на фудбалерот и директорите на Барселона начелно постигнале договор за преселба на Аргентинецот на Камп Ноу.
Се работи за двегодишна соработка а Кун Агуеро ќе има помала плата од онаа што сега ја заработува во Манчестер Сити.
Напаѓачот решил да се откаже од неколку милиони и да ги прифати условите кои на маса ги ставил Жоан Лапорта само за да игра со својот добар пријател Лео Меси.