Полска и Англија
одиграа реми со резултат 1-1 во шестото коло од мундијалските квалификации, а
навивачите на „Гордиот албион“ му забележаа на селекторот Герет Саутгејт поради
немањето 100% учинок засега со пет победи и едно реми во групата.
Како и да е, од
гледалиштето на стадионот во Варшава следеа жестоки свирежи откако Англичаните
вообичаено клекнаа на колена за да изразат поддршка за движењето „И животот на
црномурестите е важен“.
Со нивната
реакција воопшто не се согласи напаѓачот Роберт Левандовски кој веднаш покажа
кон делот од дресот каде пишува „Респект“, па за момент ги освои симпатиите на
социјалните мрежи со тој потег.
Robert Lewandowski you have my Respect#NoRoomforRacism pic.twitter.com/cmuVgFNDNB
— ALFONSO (@alfonso67953001) September 8, 2021