Полицијата идентификувала шест меча во Премиерлигата од висок ризик, тие би се играле на неутрални терени

by
1 минути читање

Полицијата
идентификувала шест натпревари кои се од висок ризик во предвидениот рестарт на
сезоната во Премиерлигата, истите, според препораките би требало да се играат
на неутрални терени, пишуваат медиумите на Островот.

Во текот на
вчерашниот ден тамошните медиуми известија дека Ливерпул би бил единствениот
клуб во Премиерлигата кој сите свои предвидени меча на домашен терен всушност
би ги играл на неутрални терени, поради загриженост од масовни собири на
навивачите кои се во исчекување на првата титула за овој клуб по пауза од цели
30 години, а за тоа се потребни уште само две победи на девет кола до крајот.

Ова е листата на
натпревари поради кои постои загриженост од властите на Островот
:

Манчестер Сити –
Ливерпул / Манчестер Сити – Њукасл / Манчестер јунајтед – Шефилд Јунајтед /
Њукасл – Ливерпул / Евертон – Ливерпул, како и мечот со кој Ливерпул би можел
да ја освои титулата.

Претходно, „Спортсмејл“
објави дека на вчерашниот состанок на Премиерлигата, биле наведени 12
натпревари кои би можеле да се играат на неутрални терени, вклучувајќи ги
воедно и градските дерби пресметки на Лондон.

Во соопштението
кое денеска и официјално излезе од Премиерлигата, стои дека од таму наведуваат
дека целта е јасна, да се комплетира целосно сезоната на терен, со одигрување
на сите натпревари, дома и нагости, каде што е возможно, додадоа дека се
подготвени и за сценарио по кое би се играле натпревари на неутрални терени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×