Полицијата доби додатно време да го испрашува Гринвуд, спонзорите полека почнаа да му го вртат грбот

by
0 минути читање

Мејсон Гринвуд синоќа беше уапсен, фудбалерот на Манчестер јунајтед се сомничи за силување и напад откако неговата девојка на социјалните мрежи се пожали дека била нападната и сподели фотографии и видеа.

Полицијата вечерва објави дека детективите добиле додатно време да го испрашуваат младиот Англичанец, кој останува во притвор.

Во меѓувреме се огласија и од Најк, производителот на спортска опрема соопшти дека ја суспендира соработката со Мејсон Гринвуд и изрази загриженост од настанатата ситуација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×