Полицијата брзо реагираше: Пронајдени дел од украдените работи на Англија!

by Стефан
1 минути читање

Експедицијата на Англија се соочи со непријатна ситуација за време на престојот во САД, откако во петокот бил украден дел од инвентарот на националниот тим. Според американските медиуми, благодарение на брзата реакција на полицијата, значителен дел од опремата веќе е пронајден и вратен.

Меѓу предметите што исчезнале се наоѓале копачки, фудбалски топки, маси за масажа и друга опрема неопходна за секојдневното функционирање и тренинзите на „Гордиот Албион“.

Надлежните органи продолжуваат со истрагата и засега не соопштуваат повеќе детали за случајот. Во меѓувреме, во дел од медиумите се појавија информации дека под сомнеж е и возачот на возилото со кое била транспортирана опремата, но официјална потврда за таквите тврдења сè уште нема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×