Рајола рече дека Погба не е среќен во Манчестер јунајтед и наскоро ќе го напушти клубот, најдобро тоа да биде уште во јануари. Тој би можел да се врати во Јувентус.
На ваквото жалење, одговори Пол Мерсон кој му порача на Погба дека треба да игра снукер ако сака центарот на играта да биде само околу него.
„Рајола вели дека стилот на фудбал во Манчестер јунајтед не му одговарал на Погба. Тој игра во фудбалски тим. Не е снукер играч. Игра со десет други фудбалери. Игра во тим“, вели Пол Мерсон.
„Манчестер јунајтед не е најдефанзивниот тим што го имате видено. Видете го Тотнем! Не слушам дека Хари Кејн и Сон се жалат. Оди и играј снукер ако сакаш ти да бидеш во центарот на вниманието“.
„Тој знаеше дека Рајола ќе излезе со ваква изјава, тој е негов агент. Можеби ќе се прави глуп, ќе рече дека не знае, но секако дека знаел. Исто така знае дека има клуб кој е заинтересиран за него“.