Пол Мерсон: Ангажманот на Роналдо ги фрли низ прозор сите планови на Солшер

by
1 минути читање

Сензационалното
враќање на Кристијано Роналдо ги фрли плановите низ прозор на Оле Гунар Солшер,
планови кои Норвежанецот ги имал за актуелната сезона, смета познатиот
фудбалски аналитичар Пол Мерсон.

Навистина ми е
жал за Оле Гунар Солшер, тој имаше план на стартот од сезоната, со тоа што
ланската сезона ја заврши на второто место, подолг период го посакуваше Санчо,
го доби, а дополнително Единсон Кавани доби дополнителна година во клубот

коментираше Мерсон по отказот кој му беше врачен на Оле Гунар Солшер.

Потоа, пред
самиот старт на новата сезона, тој го доби Роналдо, а мислам дека со тој
трансфер сите негови планови беа фрлени низ прозор, од првиот ден, па досега,
тие не се подобар тим со Роналдо
“ додаде тој.

Вие не можете да
забележите низа од 29 меча на гостински терен без пораз, без притоа да имате
одреден начин на работа, функционирање, а доведувањето на Санчо придонесе за
дополнително „оружје“ кое требаше да биде користено за да се продолжи со тој
стил на игра
“ подвлече Мерсон, кој категорично тврди дека Роналдо не е парчето
од мозаикот кое недостасува за титула во Премиерлигата за Манчестер јунајтед,
клуб кој тргнал по потписот на Португалецот најмногу поради интересот од
градскиот ривал Манчестер Сити.

Со Роналдо во
тимот, пропаѓа во вода сиот план за контра-напади, сево ова придонесе за еден
голем проблем за Солшер, тој имаше план, а ситуацијата со Роналдо му го фрли
планот низ прозорот, уште пред самата сезона да започне, тие тргнаа по него
најмногу од причина што слушнаа дека Манчестер Сити е заинтересиран за него, а
не дека Роналдо беше парчето од мозаикот што недостасуваше за титула во
Премиерлигата, тој не беше тоа!
“ појасни Мерсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×