Покетино за гласините дека на негово место може да дојде Зидан: Тој е одличен тренер, Французин е…

by
1 минути читање

Раководството на ПСЖ се уште нема донесено конечна одлука, веројатно се ќе зависи од настапот во Лигата на шампионите.

Покетино може да се спаси само ако оваа сезона со ПСЖ го освои елитното клупско натпреварување, во спротивно ќе добие отказ.

Зинедин Зидан во Реал Мадрид се промовираше како специјалист за освојување на Лигата на шампионите, тој е француска фудбалска легенда и во моментов е слободен тренер, сето тоа го прави главен фаворит за функцијата.

Покетино беше запрашан што мисли за шпекулациите кои го поврзуваат Зидан со неговото место.

„Не знам, не одлучувам јас. Зидан е одличен тренер, тоа е сигурно. Исто така, тој е французин…Тоа е прашање за директорот или претседателот“, одговори Покетино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×