Покетино упати предупредување до Јувентус за Икарди

by
1 минути читање

Предводникот на
ПСЖ, Маурицио Покетино верува дека на секоја екипа и е потребен напаѓач од
калибарот на Мауро Икарди, со тоа што поранешниот капитен на Интер се поврзува
токму со трансфер во редовите на „Старата дама“.

Познато е дека Јувентус
е во потрага по напаѓач, а Икарди се споменува како најсериозен претендент за
таа позиција во клубот од Торино, меѓутоа со тоа не се согласува и Покетино.

Секогаш велам
дека сите фудбалери се важни во тимот
“ рече Покетино.

Мауро е фудбалер
кој поседува посебен капацитет за постигнување на погодоци, би и бил потребен
на секоја екипа, се уште верувам дека тимовите не зависат само од 11 фудбалери

додаде аргентинскиот фудбалски стратег.

Потребно е да
имате баланс во тимот, а токму тоа го носи Икарди во нашиот тим
“ заклучи
Покетино кој повеќе од веројатно е дека не сака продажба на својот сонародник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×