Покетино потврди дека Икарди не тренирал поради проблемите со Ванда

by
1 минути читање

Ванда Нара е сопруга и агент на Икарди, но нејасно е дали двајцата ќе продолжат заедно или ќе се разделат. Ванда пронашла пораки од Икарди кои алудираат дека ја изневерувал, па нивната врска е на конец.

Маурисио Покетино откри дека Икарди не тренирал во изминатите денови со цел да ги реши семејните проблеми.

„Мауро не тренираше со нас во последните неколку денови поради лични причини“, вели Покетино.

„Тој е во составот и вечерта ќе одлучиме дали ќе игра“.

ПСЖ утре го пречекува Лајпциг во меч од Лигата на шампионите, а Покетино нема да може да смета на Нејмар кој е повреден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани