Поголеми се шансите Мбапе следната сезона да игра за Реал Мадрид отколку за ПСЖ, но во францускиот клуб веруваат дека може да го предомислат напаѓачот.
„Мбапе е добар, смирено момче, голема личност, го сака фудбалот и е многу зрел за своите 22 години“, вели Покетино.
„Килијан ќе ја донесе одлуката која треба да ја донесе и клубот ќе направи сè што може за да го задржи, бидејќи зборуваме за еден од најдобрите фудбалери кој има само 22 години“.
„Ситуацијата е отворена и во иднина сè може да се случи, позицијата од пред неколку месеци може да се промени во иднина, ПСЖ е клуб кој има амбиција и можност да го убеди и да му понуди работи со кои ќе може да остане и да биде среќен, постои можност тој да се предомисли и да остане“.