Покетино јавно му даде „корпа“ на Милан

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Тотнем, Маурицио Покетино ги отфрли шпекулациите кои
одреден период го поврзуваа со клупата на Милан, тој издвои дека ги прочитал вестите низ одредени медиуми, но, нема ништо повеќе на таа тема.

Аргентинецот
наводно котира високо на листата на желбите кај Росонерите, како опција која би
можела да го наследи Џенаро Гатузо, но, Покетино јасно стави дознаење дека
целосно е посветен на обврските кон Премиерлигашот.

Прочитав низ
медиумите, ништо повеќе
“ рече Покетино.

Знаете како
функционира овој свет, овој вид на гласини не го хранат моето его, други
сигурно би сакале да се најдат во нечии усти за да се чувствуваат доволно
добро, но, мене такво нешто воопшто не ми е потребно
“ вели тој/

Ова е дел од
фудбалот, доколку разговараме за интерес од останатите клубови, јас само би
земал во предвид тоа што се зборува со почит
“ заклучи аргентинскиот фудбалски
стратег.

Спарси сезонава
се изборија за место во полуфиналето од Лигата на шампионите откако го
елиминираа Манчестер Сити во претходната фаза, а за место во големото финале ќе
водат битка против Ајакс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани