Поради слабиот старт на минатата сезона, Маурисио Покетино беше отпуштен и покрај тоа што претходната година го однесе тимот до финалето од Лигата на шампионите.
„По една година помината, можам да кажам дека бев разочаран, вознемирен и не бев среќен. Тоа беше клуб каде што поминав пет и пол години и имав посебен однос со вработените таму, фудбалерите, фановите, нема да лажам“, вели Покетино.
„Но по некое време сфатив дека ова е фудбал. На клубот му требаше промена. Нема да се жалам на одлуката на Даниел Леви. Можам да им дадам само поддршка бидејќи имам уште имам многу добар однос со сите таму“.
„Човекот кој ме замени, Жозе Мурињо ми е добар пријател. Тренер кој секогаш ме третирал многу добро. Кога тој беше во Реал Мадрид, се сеќавам ме покани на меч од Лигата на шампионите против Ајакс и зборувавме во неговата соблекувална на Бернабеу. Делегатот дојде и рече: „Жозе, натпреварот ќе почне, треба да одиме“.
„Можам да им го посакам само најдоброто бидејќи го сакам Тотнем, го познавам Жозе и сакам да освојат титула. На Тотнем му фали титула, тоа не успев јас да го направам. Тоа е црешата на тортата која треба да се случи“.
„Кога јас бев во Тотнем, градевме нешто посебно, но на крајот, кога очекувањата се толку големи, потребен ви е трофеј. Нешто конкретно, нешто важно, да се освои титула. Бевме блиску до Премиерлигата и Лигата на шампионите, но не успеавме“.
„Се надевам дека со Жозе тоа ќе се случи бидејќи фановите и овие фудбалери го заслужуваат тоа“.