Покетино го „тресе“ столчето на Анчелоти во Реал Мадрид

by
1 минути читање

„Дејли Мејл“
наведува дека иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид е неизвесна поради
шпекулациите кои тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино го наведуваат како главен
кандидат за таа позиција.

Се верува дека
токму Покетино ќе го наследи Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, а самиот
Италијанец призна дека имал средба со првиот човек на клубот, Флорентино Перез,
кој наводно бил разочаран од перформансите на „Кралевите“ во поразот од ПСЖ во
Лигата на шампионите.

Иако Анчелоти има
активен договор со Реал Мадрид до идната година, сепак неговата иднина во
клубот е неизвесна, а „Дејли Мејл“ тврди дека 62 годишниот тренер би можел да
биде заменет со Покетино на крајот од актуелната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×