Покетино е бесен на судиите: Беше чист фаул врз Донарума, невозможно е ваквите грешки да се случуваат во 2022!

by
1 минути читање

ПСЖ доживеа елиминација од Лигата на шампионите, а Маурисио Покетино веројатно нема да го преживее овој успех. Сега само прашање на време е дали наскоро ќе добие отказ или ќе му биде дозволено да ја заврши сезоната.

Тој е свесен за тоа, па по поразот се обиде вината за елиминацијата да ја префрли на судиите.

„Каков срам! Имаше фаул врз Донарума за првиот гол. Невозможно е да не зборуваме за оваа гадна грешка. Невозможно е ова да се случува во 2022 година. Тој гол го промени натпреварот. Се чудам што правеше ВАР бидејќи тоа е фаул. Срамота е, бидејќи кога ќе ја видите акцијата, тоа е фаул. По тој момент натпреварот се промени. 60 минути ние доминиравме, но тој гол промени се“, вели Покетино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×