187
ПСЖ синоќа го надигра Реал Мадрид и со гол на Мбапе во 94. минута дојде до победа од 1-0.
„Многу сум среќен. Перформансот на тимот беше многу добар. Бевме подобри од Реал Мадрид и ја заслуживме оваа победа“, изјави Покетино по натпреварот.
„Има уште еден натпревар, но овој чекор беше важен“.
„Ги пресековме нивните пасови со пресинг на нивните играчи од средниот ред. Работевме напорно за да ги сопреме и брзо да им ја земаме топката, колку што е можно повисоко, го контролиравме добро мечот во текот на сите 90 минути“.