Во Италија
пренесуваат дека напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез веќе постигнал договор со
клубот околу продолжување на соработката со истиот, а тоа и официјално ќе биде
претставено за јавноста веднаш по интернационалната пауза.
„Газета дело Спорт“
пишува дека откако се затвори летниот преоден рок за трансфери, сега во Интер
ќе можат да се фокусираат на продолжување на соработката со Аргентинецот, а
весникот додава дека преговорите се во финална фаза.
Се верува дека со
новиот договор Лаутаро ќе има плата од 6 милиони евра по сезона, а дополнително
истиот ќе содржи и бонуси, а наводно напаѓачот се согласил и на тоа да биде
тргната откупната клаузула во висина од 111 милиони евра вметната во
претходниот договор од 2018 година.