И покрај
актуелната ситуација со ковид-19, навивачите на Барселона не ја пропуштија
приликата да го „поздрават“ доаѓањето на Кристијано Роналдо со Јувентус за
пресметката на „Камп ноу“ вечерва во Лигата на шампионите.
Големите љубители
на фудбалот со нетрпение го очекуваат новиот дуел помеѓу Меси и Роналдо на
теренот, а навивачите на Барселона со свирежи му посакаа „добредојде“ на
Португалецот.
Еве нешто и во
однос на статистиката од дуелите помеѓу Меси и Роналдо, обајцата досега 35 пати
ги одмериле силите со своите екипи, а поуспешен е Меси со 16 победи,
Португалецот има 10. Што се однесува пак до погодоците, и тука е во предност
првата ѕвезда на Каталонците со 22 погодоци, наспроти 19 на Португалецот.