Погледнете како ќе изгледа новиот Сан Сиро (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Договорот со целосната документација за изградба на стадионот треба да биде потпишан до крајот на оваа година. Стадионот ќе вреди една милијарда евра.

Ќе биде потпишан договор за инвестиција и изработка со американски инвеститори. Градските власти го одобрија проектот кој се наоѓа во близина на сегашниот „Сан Сиро“.

Според „Газета дело Спорт“, изградбата ќе почне веднаш по завршувањето на Зимските Олимписки игри во 2026 година, а веќе од сезоната 2027/28, Интер и Милан на новиот стадион треба да почнат да ги играат натпреварите.

Стариот „Сан Сиро“ постепено ќе биде срушен.

Поректот за новиот стадион е инспириран од миланското Дуомо и Галеријата Виторио Еменуеле II. Капацитетот ќе биде 60/65 илјади гледачи, што е помалку во однос на сегашниот кој собира 80 илјади гледачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани