Погба заврши за оваа година

by
1 минути читање

„ЕСПН“ базирајќи
се на сопствени извори информира дека фудбалерот од средниот ред на Манчестер
јунајтед, Пол Погба би можел да биде вон комбинација за настап во идните два
месеци поради повреда.

Погба воедно не
се стави ниту на располагање на францускиот национален тим за интернатионалната
пауза по повредата со која се здоби за време на тренинг во текот на вчерашниот
ден.

Од таборот на „Триколорите“
го известиле Манчестер јунајтед дека Погба би можел да отсуствува помеѓу шест и
осум седмици, а 28 годишниот фудбалер ќе се врати во Манчестер каде ќе обави и
дополнителни тестирања.

Погба инаку има
уште еден меч суспензија во Премиерлигата по црвениот картон кој го доби дербито
со Ливерпул кое „Црвените ѓаволи“ на свој терен го загубија убедливо со 0-5.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани