Погба се пожали: Во Јунајтед ниту знам на која позиција играм, ниту со која формација, ниту покрај кого играм

by
1 минути читање

Пол Погба ги одработува последните месеци од договорот со Манчестер јунајтед и големи се шансите летоска да го напушти Олд Трафорд.

„Морам да бидам искрен, не сум задоволен од последните пет години, воопшто не сум задоволен“ – вели Французинот во разговор со Фигаро.

„Оваа година ништо нема да освоиме. Без рзлика дали е со Манчестер јунајтед или со друг клуб, сакам да освојувам трофеи“.

Тој потоа се пожали дека не може да влезе во ритам во дресот на „ѓаволите“.

„Многу е поедноставно со Франција, играм и тоа играм на мојата позција. Знам која е мојата улога и ја чувствувам довербата на тренерот и соиграчите“.

„Сосема нормално е да се гледа разлика во Манчестер јунајтед бидејќи тешко ми е да бидам конзистентен кога често ми ја менуваат позицијата, или формацијата со која игра тимот или пак партнерите“.

„Одлично соработувам со Дешам, ми кажува која улога ја имам и знам што треба да правам, но се прашувам дали во Манчестер јунајтед имам конкретна улога? Немам одговор на ова“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×