85
Ждрепката сакаше братска пресметка во Лига Европа, Пол Погба со Манчестер јунајтед против Флорентин Погба со Сент Етиен.
Во пресрет на дуелот, Флорентин зборува каков губитник е Пол Погба.
„Станува многу нервозен, не сака да губи, неговата глава почнува да зуи“ – вели Флорентин Погба за својот помал брат Пол.
„Јас научив да губам и ќе речам дека не губите туку учите. Но кога тој ќе загуби полудува“.
„Овие два натпревари ќе бидат со многу емоции, се надевам дека ќе извлечеме нешто позитивно од нив“.
„Иако Јунајтед е голем клуб, се е возможно. Фактот што тие се подобри од нас на хартија, не мора да значи ништо“.