Погба сака да си замине од Олд Трафорд, а по изјавата на неговиот агент Мино Рајола која дојде во многу лошо време, пред мечот со Лајпциг, Манчестер јунајтед нема ни да се обиде да го задржи.
Раководството на клубот сака само да добие колку што е можно поголема сума за неговиот потпис, се шпекулира дека би прифатиле понуда од 50 милиони фунти иако го платија 89 милиони фунти.
Според информациите од Англија и Италија, Погба го преферира Јувентус, сака да се врати во овој клуб иако неговото име се поврзува и со Реал Мадрид и ПСЖ.
27-годишниот Погба помина четири сезони во Јувентус со кој триумфираше во Серија А.
„Го сакаме Погба, тој е неверојатен фудбалер, но игра за Манчестер јунајтед во моментов. Добро ја знаеме неговата вредност и цена на пазарот. Ќе видиме што ќе се случи“, пред некој ден изјави директорот на Јуве, Фабио Паратичи.