Актуелниот договор на Погба со Манчестер јунајтед истекува по крајот на оваа сезона и се уште е нејасно што понатаму.
„Телеграф“ тврди дека иднината на Погба нема да биде позната пред крајот на сезоната, тој собира понуди а одлуката ќе ја донесе на лето.
Англискиот весник тврди дека Погба е отворен и за понуди од други премиерлигашки клубови.
„Дејли стар“ посочува четири кандидати од Англија кои можат да тргнат по Погба, тоа се Њукасл, Арсенал, Челси и Тотнем, но не се исклучува ниту можноста да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед.
Сепак, далеку почести се шпекулациите кои го поврзуваат со клубови надвор од Англија отколку со домашни ривали на Манчестер јунајтед.
ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус се трите клуба кои најчесто се поврзуваат со Погба.