Погба им се доверил на соиграчите: Ова нема да го трпам уште долго

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, наводно им се доверил на своите
соиграчи од редовите на Премиерлигашот и им порачал со зборовите
ова нема да го трпам уште долго, алудирајќи на неговиот однос со Жозе
Мурињо, посебно поради зачестените критики кон него од португалскиот стратег.

На Островот се
наведе дека Мурињо го нарекол Погба
вирус пред сите останати
од екипата по ремито против Саутемптон од 2-2 на гостински терен во редовното
коло од Премиерлигата.

Се шпекулира дека
Португалецот бил доста бесен по мечот со Саутемптон во соблекувалната, а некои
фудбалери ги нарекол и
расипани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани