„Лажна вест“,
вака гласеше коментарот на Пол Погба објавувајќи ја веста која во јавноста ја
пласираше „Сан“ за тоа дека Французинот наводно го игнорирал својот тренер Оле
Гунар Солшер во соблекувалната по поразот од Ливерпул дома со 0-5 минатиот
викенд.
Погба се здоби со
директен црвен картон откако во игра на дербито влезе од клупата за резерви, а
неговиот потег многумина го квалификуваа како големо непочитување кон клубот,
навивачите, но и тренерот.
„Таблоидниот
печат уште еднаш сака да креира полемика со 100% лажни вести. Големи лаги за да
се направат наслови. Новинарите кои го користат моето име да бидат видени кога
нема што да се види“ напиша Погба во писмото до целокупната јавност.
„Единствената
причина поради која го објавувам ова јавно е од почит кон мојот тренер, клубот
и навивачите, како и да испратам јасна порака: колку помалку ги читате овие луѓе, толку подобри сте, тие немаат срам и ќе
зборуваат се’ без никаква
основа“ додаде тој во објавата на социјалните мрежи.