Погба бил лут и разочаран на себе, им се извинил на соиграчите за промашената шанса против Ливерпул

by
1 минути читање

Пол Погба презел
дел од одговорноста поради пропуштената прилика Манчестер јунајтед да слави на
„Енфилд“ кај својот голем ривал Ливерпул во дербито на колото кое заврши без
погодоци на обете страни, но „Црвените ѓаволи“ останаа лидери на табелата по 18
одиграни натпревари.

Медиумите на
Островот пишуваат дека Французинот се извинувал на своите соиграчи за големото
промашување кое го имаше на дербито, односно најголемата прилика за гол, а
неговиот обид заврши директно во голманот Алисон.

Бруно Фернандеш и
Маркус Рашфорд не беа на висина на својата задача, но пофалбите одат на сметка
на Погба кој имаше одличен меч, кој на крајот не успеа да го круниса со гол по
најдобрата прилика на мечот за отворање на резултатот.

Се верува дека
Французинот бил во голема мера лут и разочаран на себе по тоа промашување, па
им се извинувал на своите соиграчи во соблекувалната по дербито кое доколку
Манчестер јунајтед го добиеше ќе беше четири бода во предност во однос на
градскиот ривал Манчестер Сити.

На оваа тема, „Метро“ додава дека Оле Гунар Солшер му порачал на Погба да го заборави тоа промашување, а особено голема поддршка Французинот добил од капитенот Хари Мегваер и Скот МекТоминеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани