Подзаборавениот играч на Манчестер јунајтед  доби шокантен повик од Англија за Европското првенство

by bojan
1 минути читање
Том Хитон

Третиот голман на Манчестер јунајтед, ветеранот Том Хитон доби шокантен повик од Англија за Европското првенство, но нема да биде дел од составот од 26 фудбалери, ќе помага само на тренинзите.

Фудбалската јавност во Англија минатата недела беше изненадена од одлуката на Герет Саутгејт да ги изостави Џек Грилиш и Џејмс Медисон од финалниот состав на „Трите Лава“ за континенталниот собир во Германија.

Селекторот сега повлече нов чуден потег, го повика ветеранот Том Хитон да се придружи на репрезентацијата.

38 годишниот голман на Манчестер јунајтед последниот натпревар го одигра во февруари 2023, кога бранеше против Нотингем Форест во Лига Купот.

Тој сепак нема да биде дел од составот од 26 фудбалери пријавени за ЕВРО 2024, и ќе помага само на тренинзите.

„Искуството ни кажува дека големите натпреварувања ги става под притисок голманите, па Том ќе биде од огромна помош на тренинзите и ќе им дава поддршка на Џордан, Арон и Дин. И надвор од терените ќе биде корисен во креирање на позитивна атмосфера“ – ја објасни својата одлука Герет Саутгејт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани